Делови од Центар и Карпош во четврток ќе бидат без вода, во Ченто ќе нема струја

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без струја од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците на улицата „Финска“ од бр. 100 до бр. 108 во населбата Ченто во Општина Гази Баба, информираат од РЦУК на Град Скопје.
Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа, пак, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бб, од 9:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од улицата „Аминта Трети“ до улицата „Костурски Херои“ (вклучително Клубот на пратеници и амбулантата Идадија), како и делови од улиците „Коле Неделковски“, „Златко Шнајдер“ и „Шумадиска“ во Општина Центар.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата „Скупи“ бб, од 9:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците „Скупи“, „Момин Поток“ и месноста „Криви Дол“ во Општина Карпош, се наведува во соопштението од РЦУК на Град Скопје.