Делови кои најчесто ги прескокнуваме при миење на рацете, а се главни преносители на вируси и инфекции

Памет во глава при следното миење на рацете.

Во време кога повеќе од 70.000 луѓе се заразени со коронавирусот, а забележани се и повеќе од 1.700 смртни случаи, важноста на редовното миење на раце никогаш не било поистакнато.

Користејќи ги податоците од обемната студија од 1978 година, направивме карта на местата кои најчесто ги прескокнуваме додека ги миеме рацете.

Дури и подоцнежните студија покажаа дека ни малку не сме се промениле, и понатаму истите рачни региони ги прескокнуваме во редовната хигиена.

Уште во 2008 година, Светската здравствена организација издаде водич за миење раце, во кој се посочува дека врвовите на прстите, интердигиталните области и палците се најчесто пропуштени места за време на миењето раце.

Истражувањата откриле дека врвовите на ноктите и прстите имаат најмногу преостанати флуоресцентни дамки, откако биле тестирани со миење раце од страна  на здравствените работници во Тајван.

Значи, нареден пат кога ќе ги миете рацете никако не заборавајте:

  • врвовите на прстите
  • отстранете ја нечистотијата триајчи ги рацете со сапун, особено помеќу прстите и под ноктите.
  • Мијајте ги рацете најмалку 20 секунди
  • добро  исплакнете ги рацете со вода
  • избришете ги со чиста крпа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот