ДЕЛИРИУМ ВО ШАНГАЈ: Силно обезбедување за Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

twitter.com/standardsport

Првиот светски рекет е навистина популарен во Кина, па не треба да чуди фактот што илјадници Кинези го „окупираа“ тенискиот центар во Шангај со цел што поблиску бидат до Ѓоковиќ.

Голем број на полициски сили, како и специјално обезбедување го чуваат Ноле од налетите на фановите кои сакаат да го прегрнат, му земат автограм или направат „селфи“ со српскиот тениски ас.

Ѓоковиќ е прв носител на турнирот во Шангај, тргнува од второто коло, а ривал ќе му биде Денис Шаповалов, моментно 36 играч на светот.

Канаѓанецот во првата рунда го елиминираше Френсис Тиафо, со 2:0 по сетови 6:4 и 6:2.

Од денешните мечеви Монфис загуби од Полјакот Хуркач, Гофан беше подобар од Гаске, а Федерер со 6:2 и 7:6 го совлада Рамос од Шпанија. Изненадување приреди Фоњини кој со 7:6, 2:6, 7:6 триумфираше над Енди Мареј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот