Делеле плата и бонуси „на рака“: Кривична за вработена во приватна клиника

Финансиска полиција /Фото: МИА

Управата за финансиска полиција денеска поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице во правниот субјект „Приватна здравствена установа-Специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопедија САНТЕ ПЛУС ГРУП“ Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје.

Пријавеното лице во периодот од 2016 година до 2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавената здравствена установа, во повеќе наврати извршила исплата на парични средства “во готово” во вкупен износ од 35.097.304 денари по основ на плата и додатоци/бонуси на плата на поголем број физички лица.

Во соопштението се вели дека вработените биле работно ангажирани за потребите на пријавената здравствена установа, но без при тоа таквите исплати да ги евидентира во сметководствената евиденција на приватната здравствена установа САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје.

При исплатата на платите, на вработените не им биле пресметани и пријавени придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, придонеси за задолжително здравствено осигурување, придонеси за вработување и дополнителни придонеси за задолжително осигурување во случај на повреда или професионално заболување, како и персонален данок од доход.

На овој начин, според доказите со кои располага Финансиската полиција причинетата штета на Буџетот на Република Северна Македонија изнесува вкупно 11.609.349 денари, односно 188.200 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот