Делегација на Меркел ќе патува во Косово со цел постигнување договр за формирање на влада

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото Архива на Слободен Печат

Делегација на германската канцеларка Ангела Меркел, треба да пристигне во Косово, во обид да се постигне договор помеѓу Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово.

Косовски Блиц, повикувајќи се на свои извори пишува дека делегацијата ќе биде предводена од Петер Бауер, близок човек до канцеларката Меркел. Тој вечерва треба да пристигне во Косово, додека утре треба да одржи одделни средби со претседателот на Самоопределување, Албин Курти и претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа.

Блиц пишува дека од двете партии добиле потврда дека делегацијата ќе дојде со наредба на канцеларката Меркел, и дека ова може да биде последниот обид што ќе го направат Германците за да се постигне договор меѓу двете партии.

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, ја потврди утрешната средба со германската делегација, но не сакаше да даде повеќе детали. Инаку по денешниот состанок на Генералнот собрание на Демокраскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа рече дека неговата партија на Самоопределување му има понудено едно министерско место плус, во замена за функцијата претседател, но дека тоа не било прифатено од партијата на Курти.

Во врска со понудата на ДСК, претседателот на Самоопределување Албин Курти, изјави дека Мустафа денеска не кажа ништо ново, и дека познати му се овие ставови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот