Деле Али не е повеќе во плановите на Мурињо!?

фото: твитер

Втор натпревар по ред англискиот репрезентативец не е во составот на португалскиот менаџер, претходно го пропушти и мечот и против Локомотив Пловдив во Лига Европа.

Веднаш по објавувањето на стартните состави за денешниот дуел помеѓу Саутемптон и Тотенхем, британските медиуми почнаа да шпекулираат дека можно е Деле Али да го напушти Тотенхем.

Во првото коло од Премиер лигата го одигра само првото полувреме во поразот на неговиот клуб од Евертон (0:1) на домашен терен.

Стартниот состав на Тотенхем за денешниот меч против Саутемптон: Љорис, Доерти, Дајер, Санчез, Дејвис, Винкс, Ндомбеле, Хојбјерг, Лука Моура, Кејн, Сон. Резерви се Харт, Орие, Алдервирелд, Сисоко, Ло Селсо, Ламела и Бергвијн.

Потсетување дека во Тотенхем како нови играчи се промовирани повратникот Герет Бејл и Серхио Регилон, и двајцата од Реал Мадрид.

Али се поврзува со трансфер“ токму во „кралскиот“ клуб, а за играчот за врска во нападот интерес покажува и екипата на Интер од Милано.

Бејл се врати во Тотенхем (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот