Делчевец „падна“ во Скопје, полицијата му најде паковки со марихуана

Фото: МВР

Полицајци од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Единицата за недозволена теговија со дрога и оружје при СВР Скопје, денеска го уапсиле Д.Д.(32) од Делчево.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претресот, извршен со наредба од Судија на претходна постапка, во дом во Скопје каде што престојувал делчевецот, биле пронајдени 45 пакувања марихуана и една вага.

Тој е приведен во полициската станица Центар, а по документирање на случајот, СВР Скопје до ОЈО ќе поднесе кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот