Делчевци добија вода за пиење 20 часа по дефектот

Фото: МИА

Нормализирано е водоснабдувањето во Делчево, откако поради дефект на главната водоводна линија, жителите на градот и околните населени места, повеќе од 20 часа немаа вода за пиење.

Од Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница” информираа дека заради проблеми на доводната линија се работело на отстранување на дефекти на две локации во делчевско.

-Поголемиот дефект беше лоциран во централното градако подрачје во близина на делчевската амбуланта каде беа заменети оштетените цевки ф-200. Вториот дефект беше лоциран кај месноста Умин Дол во правец од село Тработивиште кон Делчево, каде се работеше на доводната линија на црево Ф-315мм, информираа од ЈКП ,,Брегалница”.

Од претпријатието воедно апелираа дека поради заштита на водомерите од замрзнување во зимскиот период, почнувајќи од декември годинава нема да се врши отчитување на состојбите на водомерите.

-Во периодот од 1 декември 2022 до 28 февруари 2023 година ќе се врши фактурирање според просечната потрошувачка на секој корисник. Корисниците кои сакаат да им биде фактурирана реалната состојба на водомерите можат да ги достават состојбите во просториите на ЈКП Брегалница-Делчево. или електронски преку нашата веб-страница, додадоа од претпријатието.

Видео на денот