Дела со голем формат се изложени во МСУ

Изложбата „Голем формат II“ со дела oд колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје е поставена во галерискиот простор на музејот и ќе трае до почетокот на јуни.

На изложбата се претставени дела од девет автори реализирани во голем формат (слики, инсталации и скулптури). Селекцијата ја направи кустосот Благоја Варошанец, а изложени се дела од Могенс Андерсен, Елизабета Аврамовска, Жанета Вангели, Бернхард Гарберт, Рене Дивије, Исмет Рамиќевиќ, Петар Хаџи Бошков, Анџело Титонел и Симон Шемов.

Тематски изложбата се однесува на односот на уметничкото дело во релација со архитектонскиот простор и набљудувачот, каде димензијата во изразот е доминантен елемент во естетиката на делата.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 80, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 15-16 мај 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот