Дела на уметникот и карикатурист Златко Крстевски на меѓународна изложба во Полска

Со неколку слики масло на платно и со една скулптура- инсталација, уметникот и карикатурист Златко Крстевски ќе учествува на меѓународна изложба во Полска. Изложбата е насловена „Sztuka Drzewnej” и ќе биде отворена утревечер во Центарот за современи уметности „Електровна” во градот Радом.

До 8 октомври делата на Крстевски ќе бидат меѓу дела на уметници од 12. меѓународен пленер „Garbatka Letnisko” – творечка сликарска и скулпторска експресија.

Златко Крстевски е добитник на повеќе меѓународни награди за сликарство – награден е во Србија, Романија, Турција, Тунис и во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот