Дел Потро е пред банкрот, татко му оставил милионски долгови

Дел Потро само од награди на тениските турнири заработи околу 20 милиони долари/ фото: EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро, по смртта на неговиот татко Даниел дозна дека се наоѓа пред банкрот.

Според аргентинските медиуми, на Дел Потро му останале само 10 отсто од тоа што го имал заработено во тениската кариера.

Неговиот татко кој се грижел за финансиите на тенисерот, останал должен на банките бидејќи не управувал правилно со парите. Највеќе пари вложил во фабрика за здрава храна која на крајот пропаднала.

Адвокатите на Дел Петро не сакаа да одговорат на прашањата за долговите кои ги остави неговиот татко, но медиумите шпекулираат дека станува збор за 30 милиони евра. Според официјалните податоци, Хуан Мартин Дел Потро само од награди на тениските турнири заработи околу 20 милиони евра.

Видео на денот