Дел од жителите на Кисела Вода утре и задутре без струја

струја

Поради повремени прекини во делот на индустриската зона Пинтија, без електрична енергија утре и задутре ќе останат дел од жителите од општината Кисела Вода.

Како што информираат од РЦУК-Скопје, без струја утре и задутре ќе бидат жителите од делот од семафорите во населба Пинтија до влезот на Драчево, а прекинот ќе трае од 08.00 до 17.00 часот.

Во понеделник, 24 август, од 08.30 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од викенд населба Орешани во општина Зелениково.

Од 11.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Шар Планина” од бр. 1 до бр. 30, „Пекљане” од бр. 1 до бр. 30, и „Бертранд Расел” од бр. 1 до бр. 30 во општината Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот