Дел од угостителите во Охрид сами почнаа да ги отстрануваат дивоградбите на езерскиот брег

Фото: МИА

Активностите за уривање на дивоизградените објекти во Охрид продолжуваат, со најава од Општината дека акцијата за отстранување на нелегално поставените платформи долж крајбрежјето на Охридското Езеро ќе продолжи и во текот на викендот.

Од локалната самоуправа најавуваа дека општинските инспектори ќе вршат контроли на активностите на угостителите кои самоиницијативно почнаа да ги отстрануваат платформите, согласно доставените решенија за извршување. Доколку не се постапува согласно најавеното, Општината ќе продолжи да ги извршува активностите за нивно отстранување, според предвидената динамика.

– Денеска се отстрануваат дивопоставените платформи од угостителските објекти лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од месноста „Ј’но”, до населбата „Канео”. Дел од сопствениците на угостителските објекти кои претходно имаа добиено известувања за извршување, веќе имаа ангажирано сопствени екипи и веќе постапуваат во согласност со издадените решенија за отстранување на објектите – се наведува во соопштението од Општина Охрид.

Истовремено, Општина Охрид го поздравува потегот на угостителите кои одлучиле сами да ги отстранат дивопоставените платформи, со нагаласок дека локалната самоуправа е сериозно посветена на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите и успешноста на целокупниот процес за исполнување на препораките, со цел Охрид да го зачува статусот на град заштитен под УНЕСКО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот