Дел од Сопиште денеска ќе остане без струја

струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во село Сопиште, информира Центарот за управување со кризи.

Во соопштението се посочува дека од ЕВН информирале оти денеска од 8:30 до 12 часот без струја ќе останат корисниците од улица 16 во село Сопиште во истоимената Општина.

Исто така, поради технички зафати, утре без напојување со електрична енергија од 9 до 13 часот ќе бидат дел од жителите на село Чајлане во Општина Сарај, од 9 до 14 часот корисниците од улиците 35 и 37 во село Сопиште и од улица „Христо Татарчев”, подулица број 14 во Општина Кисела Вода, а од 9 до 15 часот жителите на улица „Мраморец” од броевите 1 до 30 и улица “Белчишка” од бреоевите 1 до 30 во Општина Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот