Дел од скопските општини и села утре ќе останат без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Корисниците од улицата „Благоја Стефковски” позади училиштето Михајло Пупин во Општина Гази Баба, како и потрошувачите од село Горно Соње во близина на црквата утре од 9:00 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:15 до 15:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Палмиро Тољати”, од број 114 до број 140 и од број 160 до 164 во Општина Гази Баба, од 12:00 до 15:00 часот корисниците на дел од улицата „Ванчо Мицков” во oпштина Карпош, а од 9:00 до 11:00 часот корисниците од улицата „Палмиро Тољати” од згр.76 а и 78 б, градинката 25 Мај и потрошувачите во нивна близина во oпштина Гази Баба.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците на дел од улицата „Загрепска” кај црквата Св.Јован Крстител, продавничките пред Заводот за вработување, црквата Св.Јован Крстител и околните објекти во oпштина Центар, од 9:00 до 12:00 часот корисниците од село Маркова Сушица, каменоломот Беровиќ, Маркова Сушица Сковин, Живинарска Фарма, како и сите стопански и нестопански субјекти кои се напојуваат од извод 5 од ТЦ 365/10 кw Св.Трипун и каменоломот Гама градба.

Утре од 12:30 до 16:00 часот без струја ќе бидат и дел од потрошувачите во село Орман, ТС Техника, ТС Магенда, ТС НАТО, ТС Ударник во oпштина Ѓорче Петров, а од 9:00 до16:00 часот и дел од корисниците од село Оризари.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот