Дел од Скопје во четврток ќе биде без вода

Без вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“, ги известува граѓаните дека на ден 06.10.2022 година (четврток), без вода ќе биде дел од населбата Водно, над Клиничкиот центар.

„Поради дефект на затворачи ф 200 мм и ф100 мм на улицата „Тасино Чешмиче“, раскрсница со „Георги Скрижевски“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Тасино Чешмиче“, „Георги Скрижевски“ и „Драмска“, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот