Дел од Скопје без вода поради дефект – Слободен печат
ВестиСкопје

Дел од Скопје без вода поради дефект

Дел од корисниците лоцирани на булеварот „Партизански одреди” згради 129 и 131 денеска од 8.30 ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Од 9 часот денеска без вода ќе бидат дел од жителите од булеварот „Македонско-косовска бригада” и дел од улицата „Прохор Пчински”.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот на булеварот „Партизански одреди” е поради дефект на шибер, а на булеварот „Македонско-косовска бригада” 16 поради санирање уличен дефект.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close