Дел од скалите на Ајфеловата кула продаден за 274.400 евра

Дел од скалите на Ајфеловата кула со околу 14 скалила, беа продадени на аукција во Париз, за 274.475 евра, објави аукциската куќа „Арќуријал“.

Скалилата, високи речиси три метра, биле дел од оригиналните скали на познатата „железна дама“ од 1889 година и ги поврзувале вториот и третиот кат. Поради инсталирање лифт меѓу катовите во 1983 година, било потребно да се демонтираат скалите, дел по дел.

Има вкупно 24 такви зачувани низи скалила. Еден дел од нив се наоѓа на првиот кат во Ајфеловата кула, како изложен артефакт, а некои се наоѓаат и по музеите низ цела Франција или во приватни колекции.

Ајфеловата кула е висока 324 метри и е еден од симболите на Париз. Изградена е од Густав Ајфел во 1889 година по повод стогодишнината од Француската револуција. Кога била изградена кулата, многу парижани ја гледале со потсмев и сметале дека треба да се урне… А, денес таа ужива углед како едно од ремек-делата на светската архитектура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот