Дел од патниците во автобусите не носат маски, останатите стравуваат од зараза

Автобуска постојка / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Надлежните од ЈСП „Скопје“ немаат ингеренциии да забранат влез на патниците кои не носат маска ниту пак имаат ингеренции да ги казнуваат.

И покрај огромниот број новозаразени граѓани од коронавирусот сепак за жал, се почесто гледаме несовесни граѓани како без маска или пак со неправилно поставена маска на лицето, се шетаат низ Скопје, по парковите или пак низ пазарите каде што фрекфенцијата на луѓето е исклучително голема и каде, одржувањето на препорачаната дистанца е невозможна.

Од друга страна пак, за среќа има голем број совесни граѓани на кои иако им е дозволемо на отворени места да се шетаат без заштитни маски, тие поради неможноста да ја држат препорачаната дистанца, иако на отворено, сепак поради гужвите носат заштитни маски, штитејќи се себеси, но и своите најблиски од ширење на корионавирусот.

Слична е ситуацијата и со носењето односно неносењето маски додека се чека автобусот. Дел од граѓаните чекаат превозно средство без маска, но она што загрижува е фактот што дури и откако ќе пристигне автобусот, тие се качуваат во него притоа не обидувајќи се ниту да стават маска и неводејќи никаква грижа за сопственото здравје но и за здравјето на сопатниците.

Во тој случај, надлежните од ЈСП „Скопје“ немаат ингеренциии да забранат влез на патниците кои не носат маска ниту пак имаат ингеренции да ги казнуваат.

Од ден на ден ваквата состојба е сѐ позачестена, а дел од патниците кои секојдневно ги користат услугите на ова јавно претпријатие и се плашат за сопстеното здравје реагираат за оваа појава.

Неносењето на заштитни маски особено зачести од почетокот на учебната година кога младите, а најчесто средношколците, кога се качуваат во автобус за да стигнат во училиште или во периодот кога се враѓаат дома после завршените часови, во групи влегуваат во возилото и ретко кој од нив носи заштитна маска на лицето.

-Секојднево се возам со автобусот со број 5 и имам впечаток дека дел од патниците, особено оние од помладата генерација избегнуваат да носат маски. Се прашувам дали навистина не стравуваат дека ќе се заразат од ковид-19 а потоа дека вирусот ќе им го однесат дома на своите родители или пак на бабите и дедовците или пак тоа го прават затоа што сметаат дека заштитните маски нема да им бидат од корист. Непотребно не изложуваат на опасност нас повозрасните. Мора еднаш за секогаш да надлежните да го решат овој проблем и да не „заштитат“ сите оние кои имаме хронични болести а секојдневно се возиме со автобус – реагира патничка од Ново Лисиче.

И од ЈСП „Скопје“ објаснуваат дека појавата на неносење заштитни маски во изминатиот период односно од почетокот на училишната година е многу позачестена во споредба со ситуацијата предходно.

-За жал, мора да признаеме дека зачестена е појавата на неносење заштитни маски при користење на јавниот превоз, особено од страна на младата популација (средношколците). И, во овој случај, ќе апелираме не само до средношколците, воопшто, до сите корисници на јавниот превоз, при користење на превозот да користат заштитна маска, со цел да се заштитат себеси, а со тоа и колективното здравје – велат од ЈСП „Скопје“.

Кога станува збор пак за поплаките на граѓаните околу создавањето на гужви во автобусите поради според нив недоволниот број на автобуси кои сообраќаат по скопските улици, но и оние кои превезуваат патници во приградските населби, и на тој начин одржувањето на препорачаната физичка дистанца во возилата е невозможна, од ЈСП „Скопје“ тврдат дека според податоците со кои располагаат, бројот на возила е сосема доволен за да ги исполни потребите на населението.

-Одговорно тврдиме дека бројот на возила, односно актуелниот возен ред и режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, во целост ги задоволува потребите на корисниците на јавниот превоз. Тоа го докажува праксата, бројот на валидации, нашиот постојан увид во режимот на сообраќање – заклучуваат од ЈСП.

Видео на денот