Дел од Општина Гази Баба утре без вода

Прекин на водоснабдување фото МИА

Дел од корисниците од улиците „Ферид Бајрам”, „Иван Манолев” и „Алпи” во Општина Гази Баба утре од девет часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Ферид Бајрам” бр. 15.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје не завршат со интервенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот