Дел од Охридскиот договор веќе почна да се спроведува, смета американскиот амбасадор во Приштина

Американски амбасадор во Косово, Џефри Ховениер фото МИА

Амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховениер денеска изјави дека договорот постигнат во Охрид веќе започнал да се спроведува.

Во изјавата за Т7, Ховениер рече дека САД силно веруваат дека договорот треба итно да се спроведе.

„Прво би рекол дека дел од договорот веќе се спроведува и секако дека подолго ќе трае процесот за спроведување на целиот договор. САД силно веруваат дека договорот мора итно да се спроведе, а истото го кажа и премиерот на Косово“.

Американскиот дипломат додава дека следен чекор е средбата на 4 април, за која се надева дека ќе биде успешна.

„Следниот чекор е средбата на 4 април, знаете дека дијалогот на Мирослав Лајчак е нов олеснет дијалог кој ги привлекува главните преговарачи да разговараат токму за тие прашања и очекуваме успешна средба со цел да се продолжи со спроведувањето на договор.”

Состанокот на 4 април е поставен и потврден од претставници на Европската унија и ќе се одржи на ниво на главни преговарачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот