Дел од министрите во новата влада нема да бидат од политиката, најави идната италијанска премиерка Мелони

Џорџа Мелони/ Фото EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Следната влада на Италија ќе вклучува „личности од висок профил кои можеби нема да бидат политичари од кариера“, им порача денеска на членовите на нејзината партија Џорџа Мелони, која се очекува да биде именувана за премиерка на државата.

Партијата на Мелони, крајнодесничарската „Браќа на Италија” го предводеше популистичко-десничарскиот блок до победа на општите избори во септември. Во коалицијата и партиите Форца Италија (на поранешниот премиер Силвио Берлускони) и Лига, а преговорите меѓу сојузниците за клучните позиции во владата веќе започнаа.

– Почетна точка за пополнување на министерските места се квалификациите, а ако тоа значи да се најдат најдобри кандидати надвор од парламентот, тоа сигурно нема да биде проблем, рече Мелони на партискиот состанок, прв по нејзината победа на изборите на 25 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот