Дел од Маџари денеска ќе биде без вода

Прекин на водоснабдување фото МИА

Без вода денеска ќе бидат корисниците од неколку улици во населба Маџари, улица Карл Хрон, Карл Либкнехт, Анри Барбис, Модест Мусоргски и дел од улицата Благоја Стефковски.

Од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје известуваат дека корисниците ќе бидат без вода поради санирање на уличен дефект на Ф-100мм.

Корисниците ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09:50 часот се до завршување на интервенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот