Дел од корисниците во општините Аеродром, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер-Сандево утре ќе имаат прекин на електричната енергија

Без струја
Струја / Фото: МИА

Од „ЕВН Македонија” АД информираа дека на 5 август 2020 година се планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје и од таа причина дел од корисниците во општините Аеродром, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер-Сандево ќе имаат прекин на електричната енергија.

– Во периодот од 08:30 до 13:30 часот корисниците од ул. Тодор Чангов – подуличките од 40 нагоре, во периодот од 08:30 до 16:00 часот корисниците од дел од с. Нова Брезница под чешмата, во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од с. Орман, во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од с. Бразда ул. 1 бр. 23 ќе имаат прекин на електричната енергија, соопштија од РЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот