Дел од Ѓорче Петров в четврток без вода

Прекин на водоснабдување фото МИА

В четврток од 9 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Крсте Раковски”, „Атанас Иљоски”, „Вера Циривири – Трена”, „Македонска преродба”, „Шидска”, „Јосиф Даскалов”, „Никола Вукмировиќ”, „Црногорска”, „Ѓурчин Кокале”, „Крушевска”, дел од „Борис Сарафов”, „Радушка” и „Ангел Винички”.

Како што соопшти Дежурно-информативниот центар на ЈП „Водовод и канализација”, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа со профил од 400 милиметри на улиците „Радушка” и „Вера Циривири – Трена” во населбата Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот