Дел од европјаните сметаат дека  авганистанските бегалци не треба да доаѓаат во ЕУ

Авганистанците го напуштаат Кабул/ Фото EPA-EFE/Sgt. Samuel Ruiz / US Marine Corps via DVIDS / HANDOUT Released

Бегалците од Авганистан не треба да доаѓаат во Европа туку да останат во својот регион, изјави денеска данскиот министер за имиграција и интеграција Матијас Тесфаје пред вонредната седница на Советот на ЕУ на ниво на министри за внатрешни работи.

– Политичкиот сигнал е многу важен. Предложената проект на Советот на ЕУ јасно покажува дека луѓето не треба да доаѓаат во Европа, туку да останат во нивниот регион. Наша задача е да го стабилизираме регионот со цел да ги финансираме меѓународните организации кои работат добро таму, посоли Тесфаје.

Ставот на Данска е дека грешката од 2015 година не треба да се повтори.

– Треба подобро да им помогнеме на соседите на Авганистан, така што луѓето можат да добијат се што им треба во соседните земји. Во понеделникот одржавме кратка видео конференција со министрите на Таџикистан и Туркменистан. За нас беше многу важно да слушнеме како се развива ситуацијата од нивна гледна точка, истакна Тесфаје.

Тој побара да се зајакне заштитата на надворешните граници на ЕУ и да им се даде дополнителна помош на земјите чии граници се надвор од Унијата

Извор : МИА

Видео на денот