Дел од дневниот ред за 25. седница на Владата: Закони од финансиска и економска сфера, предлог-програма за поддршка на печатени медиуми за 2020 година

Измени и дополнувања на законите за вршење на сметководствени работи, за едношалтерски систем и за Македонската банка за поддршка на развојот, се само дел од точките што ќе ги разгледа Владата на денешната редовна 25 седница.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата ќе се утврдува и Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки, а ќе биде разгледана и Информацијата за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 – 2023 година.

На усвојување ќе биде ставена и Предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2020 година.

Предвидено е седницата да се одржи во 12 часот, преку видео-конференциска врска, а за заклучоците и одлуките Владата ќе информира со соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот