Дел од Центар утре без вода

Поправање водоводна цевка / Фото: илустрација / архива на Слободен печат

Без вода утре од 9 часот ќе останат дел од корисниците од општина Центар, лоцирани на улиците „Рајко Жинзифов” и „Киро Крстевски – Платник”.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица на крстосницата на улицата „Рајко Жинзифов” со „Киро Крстевски – Платник”.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот.

Видео на денот