Декларацијата на СДСМ веќе видена, одлучната борба со криминалот никаде ја нема

Декларацијата за борба против криминалот и корупцијата која вчера ја усвои Централниот одбор на СДСМ не значи ништо доколку веднаш и сега не се покаже решителна борба, коментираат претставници на граѓанскиот сектор. Владејачката партија неколку пати досега има донесено ваков документ, но се уште не демонстрирала борба на дело. Ако се земе предвид тајминот кога овој пат се усвојува декларацијата, таа може да се смета за порака до членството, но и некој вид на оградување од партиски членови кои ќе бидат инволнирани во афери од типот на „Рекет“.

Билјана Бејкова од НВО Инфо центарот вели дека во оваа држава, потоната во криминал, корупција и неправда, хартијата трпи се.

– Декларциите не значат ништо доколку граѓаните не видат на дело и тоа, сега и веднаш, бескомпромисна и решитална борба со организираниот криминал и корупција, доколку не видат промени во правосудниот систем и доколку не видат длабоки резови во ткивото на груевизмот кој сѐ уште владее со институциите, луѓето и државата – вели Бејкова.

Според неа, ова е точка на можен пресврт или уште подлабоко тонење.

– Оттаму, декларациите се небитни. Важно е само тоа дали ќе има постапки кои ќе водат кон неселективно санкционирање на криминалот и корупцијата или пак, повторно ќе бидеме сведоци на релативизирање или уште пострашно, на претворање на криминалците во жртви и „светци“ – потенцира нашата соговорничка.

Од СДСМ, пак, објаснуваат дека Декларацијата е еден вид предупредување за исклучување на било кој член од партијата без оглед дали станува збор за функционер или обичен член, доколку се утврди дека е инволвиран во криминал и корупција. Декларацијата значи и дека партијата предвреме се дистанцира од евентуално инволвирање на нејзини членовите и функционерите во понатамошната истрага за „Рекет“.

Слаѓана Тасева од невладината „Транспарентност Македонија“ вели дека ова не е прва декаларација за борба со корупцијата која ја потпиша СДСМ.

– Првата таква декларација ја донеле во 2002 година, мислам дека треба да се помине од зборови на дела. Декларативно, партијата има многу пати кажано дека е против криминалот и корупцијата, но никогаш не помина во исполнување на она за што се даваат декларативни заложби. Цело време имаме проблем со имплементација на законите, недоволно екипирани институции. Во декларацијата требало да напишат дека се обврзуваат да ги зајакнат институциите кои се борат со криминалот и корупцијата, да обезбедат доволен буџет, човечки капацитети – вели Тасева.

Таа додава и дека ако се види моментот во кој се пласира декларацијата може да се сфати и како своевидна порака до партиското членство.

Иако новиот генерален секретар Љупчо Николовски во изјавата по седницата на Центарлниот одбор го величеше значењето на Декларацијата и одлучната борба на партијата со криминалот и корупцијата, сепак не одговори дали има сознанија кои се Кики и Фрики, за кои се тврди дека се високи функционери од СДСМ. Прашан дали високи функционери на СДСМ се вмешани во „Рекет“, Николовски нагласи дека партиската припадност никого не амнестира од криминал.

Еве што содржи декларацијата:

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот