Декларација за заедничка соработка на зелените партии од Западен Балкан

Оваа иницијатива, како што соопштија од партијата започнала пред една година во рамките на Зелената Балканска мрежа и е автентична, односно потекнува од самите зелени партии од целиот регион и е многу поразлична од она што често се среќава во државите на Западен Балкан, а тоа е меѓународните претставници да доаѓаат и да укажуваат дека треба заедно да соработуваат.
– Темите на кои ние заедно ќе работиме и во иднина се оние зелени теми, заштитата на животната средина и климата, унапредувањето на човековите права, социјална правда, борба против корупцијата и организираниот криминал, владеење на правото и се разбира евроинтеграциските процеси на државите на Западен Балкан, пишува во партиското соопштение.
Од ДОМ додаваат дека ова е за заеднички цели, затоа што загадувањето на водата и воздухот не познаваат граници, исто како што и корупцијата и организираниот криминал не познаваат граници.
– Затоа борбата против корупцијата, заштитата на животната средина, на нашите преубави природни богатства мора да биде заедничка бидејќи така ќе биде ефикасна и ќе пружи навистина стабилност, сигурност и просперитет и квалитетен живот на граѓаните од Западен Балкан, велат од ДОМ.