Декатлон наскоро влегува на пазарот во Македонија

Декатлон/ Фото: ЕПА

Мрежата на продавници за спортска опрема Decathlon наскоро влегува на пазарот во Македонија, а влезот ќе се реализира преку три фази кои би се финализирале за три години, пишува Скопје Инфо.

Првата фаза вклучува скенирање на пазарот и избор на локации кои се погодни за изградба на продавници и таа е веќе започната. Втората фаза ќе биде изградба на објекти. И третата фаза ќе биде отворање на објектот и скенирање на пазарот за проширување на мрежата.

Компанијата Decathlon e основата во 1976 година во Франција. Во моментов има 1600 продавници во 69 земји ширум светот, а меѓу нив се оние во соседството, во Србија, Бугарија и Грција и во моментов брои повеќе од 100 илјади вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот