Дејвис му „пресуди“ на Детроит, 90 трипл-дабл на Џејмс! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во завршните минути од мечот тројка постигна Ентони Дејвис, па истиот кошаркар во клучните моменти зголеми на 103:98 што го одведе тимот до нова победа.

Доцна синоќа во НБА кошаркарската лига екипата на Лос Анџелес Лејкерс триумфираше со конечен резултат 106:99 против Детроит Пистонс.

Иако последната четвртина ја започнаа со негатива, „езерџиите“ со серија од 15:0 го вратија водството и во тие моменти имаа „плус 11“ на семафорот.

Играчите на тренерот Двејн Кејси не се предаваа и се погрижија за еден интересен и неизвесен финиш на средбата.

Во завршните минути од мечот тројка постигна Ентони Дејвис, па истиот кошаркар во клучните моменти зголеми на 103:98 што го одведе тимот до нова победа оваа сезона.

Ентони Дејвис имаше 24 поени, а три помалку запиша Леброн Џејмс (14 скокови, 11 асистенции) што е негов 90. трипл-дабл во кариерата на „кралот“. Дерик Роуз во поразените редови се истакна со 28 поени.

НБА, резултати –

Лос Анџелес Клиперс-Њујорк Никс 135:132
Мајами Хит-Портланд Трејл Блејзерс 122:111
Кливленд Кавалирс-Минесота Тимбервулвс 103:118
Феникс Санс-Мемфис Гризлис 114:121
Лос Анџелес Лејкерс-Детроит Пистонс 106:99

Во Западната конференција моментно првопласиран е Лос Анџелес Лејкерс со учинок од 29 победи и седум порази, додека на Истокот доминира составот на Милвоки Бакс (32-5).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот