Дејвис куп: Ѓоковиќ го совлада Чилиќ, Србија израмни против Хрватска

Новак Ѓоковиќ по 18 пат беше подобар во меѓусебните дуели против Марин Чилиќ/Мадрид, Шпанија/3 декември 2021/Фото: EPA-EFE/Emilio Naranjo

Во вториот сингл меч од полуфиналето во Дејвис куп натпреварувањето, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ беше подобар од Марин Чилиќ со 6:4 и 6:2.

На тој начин Ѓоковиќ донесе поен за Србија и израмнување на дуелот против Хрватска која претходно дојде во предност со триумфот на Борна Гојо.

Гојо во Мадрид Арената во Мадрид (Шпанија) за два часа игра го совлада Душан Лајовиќ со резултат 2:1 во сетови 4:6, 6:3 и 6:2.

Ѓоковиќ како и на дуелот против Казахстан повторно ги враќа надежите на српската репрезентација и повторно се надеваат на целосен пресврт за финале.

Воедно Ѓоковиќ стигна до 18 победа во досега 20 меѓусебни мечеви против Чилиќ.

Одлучувачката средба ќе биде во двојки каде што Ѓоковиќ заедно со Филип Крајиновиќ ќе ги одмерат силите против Никола Мектиќ и Мате Павиќ.

Русија се пласира во полуфиналето на Дејвис купот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот