Дејвид Линк и Емили Стофле / Фото: Dave Bedrosian / Zuma Press / Profimedia

Дејвид Линч имал бурен љубовен живот, се женел четири пати: Последната сопруга побарала развод пред неговата смрт

Дејвид Линч, легендарниот филмски режисер и сценарист, почина на 78-годишна возраст. Покрај филмовите и сериите кои го обликуваа светот на уметноста, јавноста ќе го памети и по неговиот приватен живот кој беше исполнет со многу љубовни приказни. Имено, Дејвид се женел четири пати, а пред смртта бил во процес на развод од Емили Стофле, со која ја има 11-годишната ќерка Лулу.

Пеги Ленц

Првата сопруга на Линч била Пеги Ленц, со која се оженил во 1967 година. Двојката се запознала во текот на студиите на Линч на Институтот за уметност во Бостон, каде што и двајцата ја делеле страста кон уметноста. Нивниот брак траел седум години, а во 1968 година ја добиле ќерката Џенифер Чемберс Линч.

Џенифер, како и нејзиниот татко, станала почитувана филмска режисерка, позната по своите необични и смели визии. Иако се развеле во 1974 година, Пеги и Дејвид ја задржале меѓусебната почит, а Џенифер продолжила да одржува блиски односи со својот татко.

Мери Фиск

Во 1977 година, Линч започнал нова љубовна врска со Мери Фиск, која станала негова втора сопруга. Мери потекнувала од семејство поврзано со филмската индустрија, а нивната врска започнала додека Линч работел на своите рани филмски проекти.

Нивниот брак траел 10 години, во текот на кои Линч ги оставарил своите први големи професионални успеси, вклучувајќи го и филмот „Eraserhead“. Двојката го добила синот Остин Џек Линч (42), кој подоцна повремено се појавувал во проектите на неговиот татко. Иако бракот завршил во 1987 година, тие останале во пријателски односи.

Во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, Линч имаше значајна врска со актерката Изабела Роселини. И покрај многуте пишувања за тоа, нивната врска не резултираше со брак.

Мери Свини

Неговиот најкраток брак бил со Мери Свини, со која се оженил во мај 2006 година, а се развел во јули истата година. Нивната врска била посебна, бидејќи со години соработувале на филмски проекти, вклучувајќи ја и култната серија „Твин Пикс“ (Twin Peaks), каде Мери работела како продуцентка и монтажерка.

Парот бил близок и пријателски и професионално, а нивната романса природно произлегла од тој однос. Заедно го добиле синот Рајли Свини Линч, кој ја наследил склоноста на својот татко кон уметноста.

Дејвид Линч и Мери Свини / Фото: OLIVIER LABAN-MATTEI / AFP / Profimedia

Емили Стофле

Четвртата и последна сопруга на Дејвид беше Емили Стофле. Тие се запознале во 2006 година на снимањето на неговиот филм „Inland Empire“, во кој глумела Емили. Таа исто така соработувала со Линч на серијата „Twin Peaks: The Return“, а нивната професионална соработка набрзо прераснала во романтична врска и се венчале на 26 февруари 2009 година, а во 2012 година ја добиле ќерката Лулу Богинија Линч.

Меѓутоа, Емили поднела барање за развод во декември 2023 година, по 14 години брак, барајќи целосно старателство над нивната ќерка.

Дејвид Линк и Емили Стофле / Фото: Dave Bedrosian / Zuma Press / Profimedia

За потсетување, веста за смртта на легендарниот Дејвид Линч ја објави неговото семејство на Фејсбук.

„Со длабока тага ние, неговото семејство, го објавуваме заминувањето на човекот и уметник Дејвид Линч. Би ценеле малку приватност во овој момент. Сега постои голема празнина во светот сега кога тој повеќе не е со нас. А, како што тој би рекол: „Држете го окото на крофната, а не на дупката“. Прекрасен ден со златно сонце и сино небо“, напишале тие.

Линч ѝ откри на јавноста дека се бори со сериозни здравствени проблеми предизвикани од долгогодишното пушење. Во последните месеци од животот користел дополнителен кислород за повеќето активности, а како што самиот кажал, предизвик бил дури и кратка прошетка низ собата.

„Тоа е како да се шетате со пластично ќесе врз главата“, ја опишал својата состојба во неодамнешното интервју за „Пипл“.

Почина оскаровецот Дејвид Линч, режисер на култните „Твин Пикс“ и „Син сомот“

Ѕвездата на „Твин Пикс“ со емотивна објава за Дејвид Линч: „Целиот мој живот и кариера му ги должам на неговата визија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот