Дејвид Х. Мурдок има своја цел: „Само сакам здрав да го дочекам 125-тиот роденден“

Фото: Принтскрин

Дејвид Х. Мурдок (97) е најголемиот произведувач на овошје и зеленчук на светот. Тежок е околу 3 милијарди долари. Првото работно место му било на бензинска пумпа, на 15-годишна возраст.

Милијардерот Дејвид Х. Мурдок (97) е еден од светските богаташи на кои високото образование и дипломата не биле заслжужни за неговиот животен успех.

„Мојата цел е здрав да го дочекам 125-тиот роденден“, рече во 2009 година Мурдок, гостувајќи кај познатата американска водителка Опра, тогаш 86-годишниот милијардер, претседател и сопственик на најголемата светска компанија за производство и дистрибуција на свежо овошје и зеленчук „Доле“. Многу тогаш помислиле дека тоа е само желба на богатиот и себичен старец кој никако не сака да го напушти овој свет, пишува во својот фељтон „24сата.хр“.

За да ја исполни својата цел, Мурдок на својот огромен ранч во Калифорнија уште во 2006 година го отворил својот Институт за здравје и долговечност, во кој тим на врвни експерти работат на „еликсирот на младоста“, базиран исклучиво на бенефитите од консумирање на овошје и зеленчук без никакви дополнителни суплементи.

– Мојата исхрана е базирана на рима и 30, 40 различни врсти на овошје и зеленчук кои ги консумирам на неделна база. Вежбам еден час секој ден – рече Мурдок. Така зборуваше во 2009 година, а денес 11 години подоцна овој милијардер сериозно се приближува на својот 100-ти роденден.

Вегетарјанец станал кога имал 60-тина години. Кога жена му починала од рак во 1985 година, одлучил повеќе да внимава на своето здравје, секогаш здраво да се храни и да вежба. Така отсекогаш бил поактивен од своите врсници. И денес секојдневно практикува јога, јава коњи и дига тегови.

По враќањето од војната немал ниту еден долар

Дејвид Х. Мурдок, најголемиот произведувач на овошје и зеленчук пораснал во сиромашно семејство и го прекинал образованието на една година по запишувањето во средно училиште со само 15 години. Се вработил на бензинска пумпа каде работел цели пет години, се додека не го повикале во војска во 1943 година.

По враќањето од војната немал ниту долар, со недели спиел во парк. Но, 22-годишниот Дејвид се одлучил да успее. Некако позајмил 900 долари и отворил сендвичара во Детроит, но брзо се откажал со 700 долари во џебот. Не се откажал, сакал да оствари успех, па се преселил во Аризона. Таму еден период работел како трговец со недвижнини, а потоа во 80-тите години го започнува бизнисот со овошје и зеленчук, по што станал најпознат. Набрзо потоа, станува најголемиот произведувач на овошје и зеленчук на светот.

Моментално е „тежок“ 3 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот