Дејвид Гета се разведе после две децении брак и сега ужива со оваа прекрасна девојка! (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Славниот француски ди-џеј Дејвид Гета (52) уживаше на плажа во Мајами со својата 27 години помлада девојка, актерката Џесика Лидон. Парот на сликите секогаш изгледа среќно и заљубено исто како тинејџери.

Сепак, на некои не им се јасни одредени работи за врската на актерката и ди-џејот. Иако Гета од првата сопруга Кети се разведе во 2014 година, после 22 години брак, а во врска со Џесика стапи во 2017 година, многумина тврдат дека Французинот со разводот ја издал жената која го засакала пред славата и покрај која се прославил.

Profimedia

Кети во една прилика рекла дека разводот од Гета со кој имаат 3 деца и го скршил срцето, но морала да продолжи понатака.

Без разлика на се, Гета кој згазна во шестата деценија, ужива во љубовта и не се грижи за коментарите. Многумина исто така приметија дека не се знае кој изгледа подобро, Гета или неговата сакана Џесика.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот