Дејвид Гета ги продаде своите песни за повеќе од 100 милиони долари

epa-efe
Фото: EPA-EFE/HUGO MARIE

Дејвид Гета, диџеј и продуцент на голем број хитови како „Titanium“, „I Got A Feeling“ и „Hey Mama“, ги продаде своите оригинални песни на „Warner Music“ за огромна сума на пари.

Имено, француската ѕвезда заработи околу 100 милиони американски долари според договорот, што ги опфаќа и неговите идни песни, пренесува „Variety“.

Ова е уште еден во низата слични примери, бидејќи истото го направија и Боб Дилан, Нил Јанг, Пол Симон и Шакира.

Гета е една од најголемите ѕвезди во светот на поп музиката во 21 век

Овој 52-годишен диџеј има продадено 50 милиони плочи. Има соработувано со Ријана, Бруно Марс, Џастин Бибер, „The Black Eyed Peas“, Ники Минаж и Сиа.

Пред да се пробие на светската сцена, Гета пуштал музика во Париз и Ибица. Пред повеќе од 10 години, тој го објави хитот „When Love Takes Over“ во соработка со Кели Роланд.

Двократниот добитник на Греми, придонесе за обликување на звукот на модерниот поп. „Ретко се случува уметник не само да дефинира жанр, туку и да го трансформира“, вели шефот на „Warner Music“, Макс Лусада.

Дејвид го прави ова повеќе од две децении. Сè уште има извонредно влијание врз еволуцијата на музиката“, додаде тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Guetta (@davidguetta)

Сепак, „Warner Music“ ја ризикува оваа инвестиција, според веб-страница „Music Business Worldwide“.

Некои познавачи на музичката индустрија веруваат дека популарноста на песните како најпознатите хитови на Гета постепено ќе опаѓа“, напиша Тим Ингам.

Други укажуваат на фактот дека песна како „Titanium“, објавена пред 10 години, продолжува да ужива солидно ниво на популарност“, додава тој.

Гета во моментов е осми најпопуларен уметник на „Spotify“

Неговиот менаџер, Жан-Шарл Каре, рече дека неколку компании покажале интерес за купување на правата на песните.

Гета изјави дека е многу возбуден поради новата музика на која работи и уште повеќе е возбуден што повторно ќе пушта музика во живо.

Оваа работа ќе ми овозможи да ги имам најдобрите луѓе околу мене кои ќе ми овозможат да продолжам со иновации со нови возбудливи проекти“, истакна Гета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот