Дејвид Блат боледува од мултипла склероза

Трофејниот тренер кој го предводи Олимпијакос, Дејвид Блат денеска на јавноста и се обрати со отворено писмо во кое ги известува дека боледува од милтипла склероза.

Блат за дијагнозата дозна кон крајот на минатата сезона и за болеста бил известен од медицинскиот тим на Олимпијакос, но ова е прв пат јавно да признае дека боледува од оваа тешка болест.

„Понекогаш животот не изненадува и без некоја причина започнува да фрла некои работи кон нас. Тоа се моменти кои морате сами да ги распознаете и да почнете да правите избори кои ќе го тестираат вашиот карактер и ќе откриете од каков материјал сте создадени.

Кога дознав дека боледувам од мултипла склероза, по првичниот шок и солзите кои одат со тоа, одлучив дека нема откажување, морам да се приспособам и да најдан начин да продолжам со нормален живот. Мојата обврска е сека да бидам пример на сите оние кои иако имаат вакви тешкотии да продолжат да се борат и никогаш не се откажуваат од борбата“, напиша Блат во писмото кое го достави до медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот