Дејвид Бекам со поддршка за принцот Хари и Меган Маркл: Тие заслужуваат да бидат среќни!

Поранешната голема фудбалска ѕвезда, Англичанецот Дејвид Бекам, јавно ја поддржа одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да го напуштат кралското семејство и да живеат во Канада, откако тој зборуваше на оваа тема за време на гостувањето во емисијата „Entertainment Tonight“.

Фудбалерот и неговата сопруга Викторија Бекам се големи пријатели со кралскиот пар Хари и Меган Маркл, а Бекам во гостувањето во споменатата емисија, истакна дека „ги сака многу и дека ја имаат неговата поддршка“.

Profimedia

-И јас и мојата сопруга ги сакаме Меган Маркл и принцот Хари. Горд сум што можам да видам дека Хари станува добар татко – вели Бекам.

Дејвид Бекам откри и дека со принцот никогаш не разговарал за неговата одлука да го напушти кралското семејство, но смета дека тој заслужува да биде среќен.

– Немаме разговарано за неговото заминување. Разговараме како добри пријатели, што за мене е најважно. Мислам дека вистински ужива во улогата на татко и тоа е нешто за што имавме можност да зборуваме. Кога ќе станете родители, светот ќе ви се промени. Тој и Меган заслужуваат да бидат среќни – истакна Бекам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот