Дејвид Бекам си ја избричи главата во изолација: Ова мораше да се направи! (ФОТО)

профимедиа

Некогашната ѕвезда на англискиот фудбал, 44-годишниот Дејвид Бекам, се наоѓа во изолација поради коронавирусот, а сега има и нов имиџ.

Сопругот на Викторија Бекам, инаку еден од најзгодните и најпосакувани мажи на светот, ја избричи главата и со новиот изглед се пофали на Инстаграм.

Со оваа постапка Бекам се придружи на големиот број на мажи кои подлегнаа на промени во овој период додека се во карантин.

Значи, и Бекам стана сам свој фризер, а малку која жена нема да се согласи со тоа дека тој има апсолутно право да направи што сака со својот изглед, бидејќи повторно одлично ќе му стои.

Дејвид се пошегува дека „ова морало да биде направено“ и објави црно-бело селфи, додека лежи на кауч за време на изолацијата поради Ковид 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот