Дејвид Бекам беше модна катастрофа на ревијата на својата сопруга: Викторија ги доби сите пофалби! (ФОТО)

Викторија и Дејвид Бекам/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

Викторија Бекам ја претстави својата нова колекција на Лондонската модна недела, а најголемата поддршка и пофалби за својата работа ги доби од нејзиното семејство, кое седеше во публика.

Модната дизајнерка Викторија Бекам навремено ги извести своите обожаватели дека престижната ревија ќе се одржи виртуелно, без гости.

Сепак, Викторија не беше сама, неа ја поддржуваа членови на нејзиното семејство кои се фотографираа веднаш по шоуто, со цел да го овековечат моментот.

„Моите омилени (и единствени) гости оваа сезона! Те сакам многу “, напишала дизајнерката под сликата на нејзините синови Ромео (18) и Круз (15), ќерката Харпер (9) и нејзиниот сопруг Дејвид.

И додека нејзините придружници беа воодушевени од елеганцијата на момчињата, како и долгиот пурпурен фустан на малата Харпер, кој совршено одговараше со мартинките, Дејвид доби бројни критики на штета на неговиот стил.

Се чини дека сите погледи беа насочени кон стајлингот, односно кон нозете, и многумина се прашуваа зошто тој се појави на модната ревија на неговата сопруга во чорапи и сандали.

Корисниците на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство во делот за коментари.

„Дејвид, те сакам! Но, чорапите и сандалите се големо „не“.

„Прекрасна семејна слика! Но, не можам да помислам на таа комбинација на чорапи и сандали.“

„Дејвид, зошто чорапи и сандали? Тоа никогаш не изгледаше добро“ биле само некои од критиките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот