Дејли меил: Една година дишење на лондонскиот воздух е еднакво на пушење 160 цигари

Воздухот од Лондон е толку загаден што вдишувањето за 12 месеци е еднакво на пушење 160 цигари за една година, според Дејли меил.

Весникот ја цитира студијата на Британската фондација за срце, oд каде предупредуваат дека загадениот градски воздух мора да стане еден од итните здравствени приоритети за владата.

Воздухот во Њуам, Источен Лондон, е четирипати позагаден од најчистиот – на Западните острови во Шкотска.

Експертите се загрижени дека од 25-те најзагадени области во Велика Британија, 24 се наоѓаат во Лондон. Ситните честички од прашина како резултат на контаминација, влегуваат во човечкото тело и предизвикуваат опасни по живот болести како што се мозочни удари и срцев удар, придонесуваат за развојот на белодробни заболувања и карцином.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот