Дејан Станковиќ не е повеќе тренер на Црвена звезда

Дејан Станковиќ тешко го доживеа неуспехот со Црвена звезда во Лигата на шампионите/Фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

Дејан Станковиќ тешко ја доживеа елиминацијата во плеј-офот и неуспехот да ги одведе белградските „црвено-бели“ оваа сезона во групите на Лигата на шампионите.

Црвена звезда ја информираше јавноста дека Станковиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на српскиот првак.

Се прости од сите во клубот и им се заблагодари за успешната соработка, а потоа ја објасни својата одлука:

– Црвена звезда е моја голема љубов, неопислива емоција. Сега по третиот обид да ја воведам во Лигата на шампионите се чувствувам целосно празно, бидејќи не успеав да ѝ дадам на мојата најголема љубов она што најмногу го посакував. Не можам да продолжам. Дадов сè од себе. Сега некој друг треба да се обиде. За мене овие три години се најубавиот дел од фудбалскиот живот. Нешто што дополнително ме изгради, ме правеше подобар и подобар. Благодарност до играчите, управата и навивачите кои се одговорни за тоа – вели Станковиќ.

Новиот тренер на Црвена звезда ќе биде Милош Милојевиќ, кој му беше помошник на Станковиќ во периодот од 2019 до 2021 година.

Сезонава Црвена звезда ќе игра во групите на Лига Европа, а за противници ќе ги има Монако, Ференцварош и Трабзонспор на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот