Дејан и Јадранка Недеви европски шампиони во традиционално карате

Дејан Недев по седми пат е европски шампион во традиционално карате. Недев го освои златниот медал во категоријата кати на Европското првенство кое се одржува во Питешти, Романија.

Покрај Дејан, златен медал освои и Јадранка Недева, исто така во категоријата кати.  Колекцијата на медали во сениорска конкуренција ја збогати Матеј Ангеловски кој освои сребрен медал во фукуго и бронзен медал во кого –кумите.

Бербата на медали продолжи и во јуниорска конкуренција, Мила Саздова е европски шампион во кого-кумите, додека во категорија фукуго го освои сребрениот медал.

Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот