Дејан Георгиевски на стартот го очекува дуел со светскиот шампион

фото: Македонска Tаеквондо Федерација

Знаменосецот на свечената церемонија на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски, својот настап на натпреварувањето во таеквондо ќе го започне на 27. јули и тоа на најтежок можен начин.

Противник на Дејан Георгиевски во првото коло ќе биде актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба. Иако Алба е фаворит за хартија, самите кубански медиуми се претпазливи во најавите бидејќи нивниот пулен ќе се бори со човекот кој во квалификациите го елиминира актуелниот олимписки шампион.

И самиот Дејан пред тргнувањето за Токио најави дека не се грижи многу за противниците, свесен е дека во Токио ќе настапат најдобрите 16 таеквондисти  на светот во категоријата над 80 килограми. Борбата ќе се одржи на 27 јули, во периодот од 14 до 16 часот, а точниот термин ќе биде утврден накнадно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот