Де­хид­ра­ци­ја­та и ане­мич­носта, глав­ни при­чи­ни за по­стоја­но­то чув­ство на за­мор

Постоја­но­то чув­ство на за­мор без при­тоа да има кон­крет­на при­чи­на за тоа, е проб­лем со кој се со­о­чу­ва ду­ри 40 от­сто од по­пу­ла­ци­ја­та во све­тот. Ед­но од при­чи­ни­те за тоа, спо­ред поз­на­ва­чи­те на оваа проб­ле­ма­ти­ка мо­же да би­де стрес­ни­от на­чин на жи­вот, бр­зо­то тем­по на жи­ве­е­ње но и кон­ти­ну­и­ра­на­та пот­ре­ба да го по­сти­гне­ме теш­ко дос­тиж­ното. Се­то тоа ни ја цр­пи и фи­зич­ка­та и пси­хич­ка­та си­ла а ка­ко по­след­ица на вак­ва­та по­ве­ќе­го­диш­на сос­тојба, на­ше­то те­ло “ос­лаб­нува“ а по­след­ица на тоа е чув­ство­то на из­мо­ре­ност.

Се­пак, при­чи­на­та што вие се чув­ству­ва­те уморни, не мо­ра да би­де од по­го­ре на­ве­де­ни­те при­чини. За­мо­рот мо­же­би е са­мо еден од сим­пто­ми­те за не­ко­ја по­се­ри­оз­на бо­лест или пак при­сус­тво на од­ре­де­на бак­те­ри­ја во ва­ше­то тело, а до­кол­ку се сом­не­ва­те де­ка ста­ну­ва збор за на­ру­шу­ва­ње на ва­ше­то здравје, то­гаш нај­доб­ро би било, вед­наш да се кон­сул­ти­ра­те со ва­ши­от ма­ти­чен док­тор.

Презе­ма­те по­ве­ќе об­врски от­кол­ку што е пот­ребно

Ко­га по­стоја­но си по­ста­ву­ва­ме но­ви це­ли во жи­во­тот кои се мно­гу теш­ки за да се по­сти­гнат, на­ше­то те­ло тро­ши мно­гу енер­ги­ја а ка­ко по­след­ица на тоа се ја­ву­ва чув­ство­то на ома­лак­са­ност. Спо­ред пси­хо­ло­зите, ко­га ќе дој­де­те до си­ту­а­ци­ја да по­са­ка­те неш­то но­во да ре­а­ли­зи­ра­те во жи­во­тот, од­нос­но ко­га ќе дој­де мо­мен­тот да си по­с­тави­те но­ва цел, зап­ра­шај­те се да­ли тоа што го по­са­ку­ва­те ви е на­вис­ти­на пот­ребно? До­кол­ку од­го­во­рот е не, то­гаш раз­мис­ле­те да­ли да го при­фа­ти­те пре­диз­ви­кот кои са­ми­те на се­бе сте со го по­с­тави­ле и да­ли по па­тот на не­го­ва­та ре­а­ли­за­ци­ја вие до­пол­ни­тел­но би си го „пот­ро­шиле“ вре­ме­то но и енер­ги­ја­та ко­ја тол­ку ви е пот­реб­на за ре­а­ли­зи­ра­ње на на­вис­ти­на пот­реб­ни­те ак­тив­нос­ти на днев­на ос­нова.

Де­хид­ра­ција

До­кол­ку ва­ше­то те­ло де­хид­ри­рало, то­гаш по­стои го­ле­ма мож­ност вие во кон­ти­ну­и­тет да чув­ству­ва­те за­мор, ома­лак­са­ност па ду­ри и вртог­ла­вици, мач­ни­ни во же­луд­ни­кот и чув­ство на тро­ма­вост.

До­кол­ку на­вис­ти­на ва­ше­то те­ло де­хид­ри­рало, мо­жат да се ви се по­ја­ват и дру­ги проб­ле­ми ос­вен ома­лак­са­носта. Ка­ко ед­ни од нај­рас­прос­тра­не­ти­те сим­пто­ми се па­дот на концен­тра­ци­јата, су­ва кожа, су­ва уста, тем­на урина. За да ја од­ре­ди­те ко­ли­чи­на­та на во­да за 24 ча­са ко­ја му е пот­реб­на на ва­ши­от ор­га­ни­зам, по­де­ле­те ги ва­ши­те ки­лог­ра­ми со бро­јот 30. Ре­зул­та­тот кој ќе го до­би­е­те е во­да­та ко­ја тре­ба да ја ис­пи­е­те во ед­но де­но­но­ќие. Оби­де­те се да го нап­ра­ви­те тоа. До­кол­ку по­сле 2 или 3 де­на ре­дов­но кон­су­ми­ра­ње на пот­реб­на­та ко­ли­чи­на вода, ва­ше­то чув­ство на ома­лак­са­ност и тро­ма­вост ис­чезне, то­гаш со си­гур­ност мо­же­те да ка­же­те де­ка ва­ше­то те­ло де­хид­ри­рало. До­кол­ку пак и пок­рај до­вол­ни­те ко­ли­чес­тва на ис­пи­е­на вода, вие и по­на­та­му сте ома­лак­сани, то­гаш при­чи­на­та за вак­ва­та сос­тој­ба тре­ба да ја ба­ра­те на дру­го место.

Сла­бок­рв­ност

Мно­гу лу­ѓе се жа­лат де­ка по­стоја­но чув­ству­ва­ат де­ка се из­мо­ре­ни и де­ка има пе­ри­о­ди од де­нот ко­га бук­вал­но не мо­жат да си ги из­вршу­ва­ат се­кој­днев­ни­те ра­бот­ни об­врски. До­кол­ку и вие сте ме­ѓу овие луѓе, по­ста­ве­те си го пра­ша­ње­то да­ли и кол­ку чес­то кон­су­ми­ра­те на­мир­ни­ци во чи­ја ос­но­ва има ме­со или пак млеко. По­тоа, да­ли ја­де­те на­мир­ни­ци ка­ко што се овош­је или пак зе­лен­чук кои изо­би­лу­ва­ат со же­лезо. До­кол­ку од­го­во­рот е НЕ то­гаш по­стојат го­ле­ми шан­си вие да сте сла­бок­рвни.

На­ма­ле­на фун­кци­ја на ти­ро­ид­на­та жлезда

Ед­на од нај­чес­ти­те при­чи­ни за кон­ти­ну­и­ра­но чув­ство на сла­бост и ма­лак­са­ност е на­ма­ле­на­та фун­кци­ја на ти­ро­ид­на­та жлезда. Име­но ти­ро­ид­на­та жлез­да има фун­кци­ја да го кон­тро­ли­ра на­ши­от ме­та­бо­ли­зам и ко­ли­чес­тво­то на енер­ги­ја во на­ше­то тело, со ре­дов­но про­из­ве­ду­ва­ње на до­вол­ни ко­ли­чи­ни на хормо­нот ти­рок­син. До­кол­ку оваа жлез­да во те­кот на еден ден, не ле­чи до­вол­но ко­ли­чес­тво од овој ис­клу­чи­тел­но ва­жен хормон, то­гаш мо­же да ви се по­ја­ви чув­ство на ма­лак­са­ност, без­вол­ност ка­ко и наг­ла про­ме­на на рас­по­ло­же­ни­ето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот