Дехидрација: Необични симптоми што не смеете да ги игнорирате

дехидрација
Фото: Unsplash

Ова е состојба што укажува на фактот дека губите повеќе течност отколку што внесувате, а вашето тело нема доволно вода и други течности за да ги извршува своите нормални функции. Кога човек дехидрира, освен вода, губи и електролити како сол и калиум, кои се неопходни за основните телесни функции.

Важно е да внимавате колку течност внесувате, особено ако се потите обилно или повраќате поради преголема топлина поради некој здравствен проблем. Жедта е најочигледниот симптом на дехидрација, но некои други знаци на дехидрација не се толку очигледни. Студија од 2020 година покажа дека телото со текот на времето е помалку способно да ги открие знаците на дехидрација.

Еве неколку симптоми на дехидрација, кои во никој случај не треба да ги игнорирате.

Лош здив

Плунката има антибактериски својства, а дехидрацијата може да го спречи телото да произведува плунка. Како резултат на тоа, количината бактерии во устата може да се зголеми, што може да доведе до лош здив. Ова е една од причините зошто имаме лош здив наутро кога ќе се разбудиме. Производството на плунка се забавува за време на спиењето, поради што имаме непријатен вкус и мирис во устата бидејќи се зголемува количината присутни бактерии. Затоа, следниот пат кога устата ќе ви се исуши и ќе почувствувате дека имате лош здив, пијте вода.

Сува кожа

Сувата кожа јасно покажува дека ви недостасува вода. Во случај на дехидрација, кожата може да се исуши и да предизвика нагон за чешање. Лошата исхрана и лошите дневни навики штовклучуваат консумирање по големи количини алкохол и кофеин, може да ја „истрошат“ водата од кожата.

Грчеви во мускулите

Колку повеќе телото се загрева, без разлика дали е поради висока температура или вежбање, толку е поголема веројатноста дека ќе се појават грчеви во мускулите поради начинот на кој топлината делува на мускулите. Промените во електролитите како натриум и калиум, исто така, може да доведат до грчеви во мускулите. Кога станувазбор за ублажување на грчеви во мускулите, обичната вода можеби не е доволна. Студија од 2019 година покажа дека кога учесниците се рехидрирале по вежбање со пијалак што содржи електролити, имале помала појава на грчеви во мускулите. Од друга страна, учесниците што пиеле само обична вода се пожалиле на повеќе грчеви во мускулите.

Желба за слатко/благо

Во случај на дехидрација, поради недостиг на вода, на другите органи, како што е црниот дроб му е потешко да испушта гликоген и други компоненти, а тоа може да ја поттикне желбата за благо, пишува „Тајмс оф Индија“. Ако мислите дека вашата желба за шеќер се должи на дехидрација, подобро е да пиете вода пред да посегнете по нешто слатко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот