Дехари објави слика со Меџити, повика на единство во ДУИ

Фото: Фатмир Дехари / Фејсбук

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, на Фејсбук објави фотографија на која седи на маса со Изет Меџити, кој е неформален предводник на т.н. „огнена група“ во ДУИ. „Огнените бараат реформи во партијата и смена на актуелните владини функционери од ДУИ, првенствено Артан Груби.

Иако не кажува отворено дека ја поддржува „Огнената група, Дехари со оваа фотографија повика на „единство“ бидејќи, како што вели, „реализацијата на сеалбанската мисија започнала заедно и со соработка за напредок на нашата нација“.

„Се чувствувам стеснето! Мисијата на војникот е ЕДИНСТВО, а не поделба!“, пишува Дехари, објаснувајќи дека „манипулациите на некои фактори непријателски кон ДУИ кои се надеваат на стагнација, а не на наше функционално усогласување, бараат мудри решенија засновани на разумни принципи“.

„Длабоко убеден дека примарна и единствена цел на побожните дејци, како и на сите членови и симпатизери на ДУИ е остварување на сеалбанската мисија започната заедно и со соработка за напредок на нашата нација, со идеи ве замолувам. мисли и обединувачки дејствија, одење до самопожртвуваност за да придонесеме за надминување на овие разлики и затегнати индивидуални или групни дилеми, продолжувајќи заедно да ги реализираме нашите цели со зајакнување и консолидација на целото наше политичко семејство кое само ОБЕДИНУВА и не разделува“, пишува кичевскиот
градоначалник во описот на фотографијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот