„Дегутантно е тоа што тежината се гледа како маана кај жените“: Нина Бадриќ со остри критики кон стереотипите за пејачките!

Instagram

Нина Бадриќ гостуваше во емисијата „Friday Live“ на Невена Рендели Вејзовиќ и коментираше дека е естетски терор тоа што вишокот килограми кај жените во естрадниот свет се сметаат за маана, за разлика од мажите на кои не им се зема за зло тоа често.

View this post on Instagram

Postoji otok sam i dalek ..?

A post shared by Nina Badrić (@badrich) on

Бадриќ зборуваше и за фотографиите на колешките од светската музичка сцена, Адел која ослабе дури 45 килограми.

View this post on Instagram

Neka nam je miran i lijep vikend ?

A post shared by Nina Badrić (@badrich) on

„Среќна сум првенствено поради нејзиното здравје, поради тоа што ја доби битката со килограмите. Но, тоа што ми смета е дека тежината се гледа и мери во нашата работа. Тоа е толкав естетски терор над секоја пејачка, што веќе станува дегутантно. Најпрво се коментира како изгледа, па како се облака, а на последно место е што таа личност дава на својата публика“, рекла таа.

View this post on Instagram

Najveći je križ biti bez križa??❤️

A post shared by Nina Badrić (@badrich) on

„Тој терор стана напорен на секојдневно ниво. Мажот кој 5 дена носи иста облека и има пивски стомак е „шармантен“, а жената која после породувањето има вишок килограми е непривлечна и тоа е недозволиво. Се има зацртано една „инстаграм-слика“ реалност која потполно ги расипа естетските критериуми“, изјавила Нина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот