„Defender-Europe 21″: Во Драч пристигна американска опрема, најголема по Втората светска војна

Воена опрема/ Фото: МИА

Во албанското пристаниште Драч пристигна голема американска воена опрема и технологија во рамки на вежбата на НАТО „Defender-Europe 21″.

– Според официјалните лица, ова е најголемата воена концентрација уште од Втората светска војна. Поточно, има околу 700 возила и друга воена опрема од 53-та бригада во Флорида, кои беа растоварени во Драч во изминатите денови, пренесува Ора њуз.

– Албанија е ценет партнер. Нашите војници со заедничка обука ќе ја зголемат меѓусебната активност, градењето оперативна подготвеност и зајакнување на односите. Сето тоа ни овозможува да одговориме на каква било криза, во кое било време, заедно со нашите сојузници и партнери, изјави Тами Мукенфус од американската армија за Европа и Африка.

Во воените маневри ќе бидат вклучени 28.000 американски, сојузнички и партнерски сили од 27 нации за спроведување на истовремени операции во повеќе од 30 области за обука во 12 балтички и африкански земји на Црното Море и од Балканот.

– Албанија, како членка на НАТО од 2009 година, ќе ангажира илјада војници во овој историски настан, бидејќи тоа е најголемата вежба во Албанија и регионот, истакна министерот за одбрана, Нико Пелеши.

Со вежбата, која почнува на 4 мај и ќе трае до 9 јуни, ќе раководи американската војска, а ќе учествуваат членки и партнери на НАТО, меѓу кои и од Северна Македонија, Босна и Херцеговна, Хрватска, Турција, Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот